Отстранета Фејсбук страницата каде бојкотирачите објавуваа видеа од гласачите во дијаспората

1565

Фејсбук страницата „Предавници – Traitors“ на која бојкотирачите од дијаспората од утрово објавуваа снимки и фотографии од граѓаните кои излегоа да гласаат во Дипломатско-конзуларните претставништва, конкретно во Мелбурн, Австралија, е отстранета од социјалната мрежа.

Имено, на видеата кои се објавуваа на оваа страница, бојкотирачите ги чекаа гласачите пред гласачките места и им извикуваа „предавници“, а го објавуваа и нивниот идентитет.

Повеќе за случувањата во дијаспората:

СКАНДАЛ Бојкотирачи снимаат и објавуваат „предавници“ кои гласаат во Австралија ВИДЕО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...