Обвинетиот за обидот за убиство на Села – Тошта се струполи во судница

3210

Обвинетиот во случајот Александар Јаневски Тошта се струполи на подот од судницата во Основниот суд Скопје 1 на рочиштето за случајот за обидот за убиство на Зијадин Села.

Откако обвинителот го повлече обвинението за еден обвинет, а за двајца направи преквалификација на делото од убиство во насилство, го прочита изменетото обвинението во кое останатите седум обвинети се товарат за обид за убиство, меѓу кои и Тошта.

Тошта побара збор и бурно реагираше.

– Зошто да ми се суди за убиство? Кој тоа од горе се јави на телефон? Зошто ми се суди, затоа што сум еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ? Подобро оставете кесичка тука во судница- рече Тошта.

Судијката му рече дека го предупредува на секое рочиште да не го нарушува редот во судницата и дека повеќе нема да го предупредува туку ќе го отстрани од судницата.
Во еден момент, Тошта стана и веднаш падна на подот. Неговата ќерка извикадека тој е срцев болесник.

Во судница интервенираше и Итната медицинска помош со чие возило тој веднаш беше пренесен во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...