Нинџа: Горан Грујевски ме ангажираше во УБК кога Заев почна да ги објавува бомбите

1232
ФОТО: МИА

Обвинетиот Александар Василевски Нинџа денеска пред судот дава своја одбрана и ја кажа, како што рече, неговата вистина, она што тој го видел и знае за „крвавиот четврток“. Тој кажа дека покрај „Нинџа“ имал и прекар „Самурај“.

– Тој прекар ми го даде началникот на Петтата управа, Горан Грујевски во 2015 година. Тоа не е прекар, тоа е псевдоним. Тој служи за распознавање за одредени задачи на УБК, односно на Одделот за оперативна техника и прикриени операции попозната како Петта управа на УБК. Во текот на 2015 негде јануари-февруари кога беше екот на политичката криза во Македонија, кога тогашниот опозициски лидер Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“ и проектот „Вистината за Македонија“. Моите задачи од мојот тогашен началник Грујевски, бидејќи бев лично од него ангажиран, беа да собирам информации од таргети кои ќе ми ги даде тој и да го известувам лично него. Тие информации се однесуваа на зачувување на уставниот поредок на државата и уфрлање лица од обични граѓани за потребите на службата – почна да раскажува Нинџа.

Прочитајте ТУКА за кои таргети зборуваше Нинџа

Кога пристапил во УБК во 2015 го прашале дали има завршено школо, тој одговорил дека има трет степен средно во „Коце Металец“, па морал да заврши и четврт.

– Горан Грујевски лично ми кажа дека тој како помошник директор на тогашниот директор на УБК може тајно да ме вработи, но ми рече дека треба да завршам четврта година и се запишав на ФОН факултетот, на НОВА гимназијата за да завршам четврта година. Грујевски ми издаде службена легитимација, пиштол и ми даде радио станица со 16 канали од кои сите беа активни. Се слушаа сите СВР низ Македонија и едно беше Градот Скопје – зборуваше Нинџа.

Во мометов Нинџа раскажува за протестите „За заедничка Македонија“, неговите средби со Игор Југ и Јане Ченто, за тоа што конкретно се случувало на 27 април и директно со име и презиме посочува лица вклучени во координацијата на настаните од критичниот ден наведувајќи дека „На 8. кат во Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ се координираше 27 април“.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...