Триесет и седумгодишен татко од Босна и Херцеговина ги заклал своите деца, пренесува „Курир.рс“.
Тој масакрот го припремал со денови, дури еднаш и му спомнал на својот пријател што планира да направи. Убиецот синоќа ги заклал трите малолетници, а потоа се обесил.
Најмалото дете имало две години, ќерката имала пет, а најстариот син бил трето одделение.
Монструмот и се заканил на сопругата дека ќе се убие и себеси, но и децата, ако го остави. Таа го напуштила пред дваесетина дена, па се претпоставува дека тоа е неговиот мотив за убиствата.
ФОТО: Принтскрин / Курир.рс