МНР со вербална нота до грчкиот амбасадор за завршените уставните измени

406

МНР соопшти дека ја информирале Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија дека се исполнети внатрешно правните услови за влегување на сила на Конечната спогодба и измените во Уставот.

„Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му беше предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) И 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба) се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба и дека Собранието на Република Македонија на 11 јануари 2019 г. ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVIна Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија“, соопшти МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...