Грешка е што премиерот „ан блок“ се откажа од идејата и покрај преговорите да пропаднат и не се постигне решение, да не се бара датум за отпочнување на преговори, а процесите со Грција да продолжат и да дочекаат поповолни ветришта. Тоа значи дека владата нема план Б. Од друга страна исто е несериозно да се нафрлаат периоди дека решение ќе има за две недели, еден месец. Ова не е разговор за тоа како да се именува некој фудбалски клуб од трета лига, туку се работи за најкомплексното прашање кое задира во нашето суштествување како нација и држава, вели меѓу другото претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето кои се неговите очекувања од преговорите за името во интервју за Курир.
Мицкоски зборува и за Извештајот на Еропската Комисија (ЕК) во кој таа даде чиста препорака за отворање на преговорите со Македонија. Тој вели дека позитивниот извештај не е ништо ново и оти ако сакала и ВМРО-ДПМНЕ можела да ја копира по СДСМ во однеувањето и да ја втурнеле државата во криза, па земјава да не добиела чиста препорака.
– Јас не велам дека позитивниот извештај не е успех, но Македонија такви добиваше од 2009, со 6 препораки и два условени поради политичката криза која беше создадена и разгорувана од СДСМ. Позитивниот извештај не е ништо ново. Што мислите не можевме да го копираме нивното однесување и да земевме да фрбаме институции, да напаѓаме полиција, да водиме кампања на ниски страсти. Така ќе ја втурневме државата во криза и немаше да добие позитивна препорака. Може ВМРО ќе добиеше некој поен, но бидете сигурни дека на долг рок така сите губиме, а највеќе граѓаните. Ние за среќа не сме СДСМ, нас Македонија, државата ни е основниот интерес. Граѓаните ни се на прво место. Затоа дадовме придонес со конкретни сугестии и предлози за реформските закони и ги поддржавме, нема да бидеме алиби за неуспех на СДСМ.
Мицкоски зборува и за автопатот Демир Капија – Смоквица, кој утре ќе биде пуштен во употреба и потенцира дека цела година дена се префрлал далновод и градел диспечерски центар, непотребно и поради политички причини се одложувал неговото пуштање во употреба.
За ова прашања со ист став на Фејсбук се огласи и неговиот претходник Никола Груевски кој напиша дека СДСМ намерно не го пуштала автопатот иако бил готов една година со цел да се добие перцепција дека тие го изградиле.
Од СДСМ им возвратија дека темната страна на новата историја на Македонија имаат име и презиме и тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. За Мицкоски посочија дека нема капацитет и оди по стапките на неговиот претходник.