Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на вечерашната седница на Централниот комитет (ЦК) предложил а се организира и вонреден конгрес за да се гласа доверба во него како претседател на партијата, меѓутоа неговите сопартијци одбиле, изјави вечерва потпретседателот на партијата, Александар Николовски.
– На иницијатива на Христијан Мицкоски, Централниот комитет разгледа предлог, кој тој лично го даде, за одржување на вонреден конгрес со цел разгледување на потребата за гласање на доверба на претседателот на партијата. Централниот комитет по дискусијата, на која не присуствуваше тој, едногласно одлучи да го одбие овој предлог и смета дека нема потреба од вонреден конгрес и оти претседателот ја има целосната поддршка – изјави Николовски.
Најавувајќи ги исклучувањата од партијата тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ има силен механизам кој успева да ја прочисти партијата, да го исчисти она што е лошо и да се врати на идеалите и корените на партијата.
– Вечерва имавме седница на длабока анализа, на внатрешно расчистување и продлабочување. Од денес ништи нема да е исто. ВМРО-ДПМНЕ завршуа со хипотеките од минатото, доживува своја катарза и продолжува напред силно и реформирано – изјави Николовски.
Повеќе детали за одлуките за разрешување и исклучување од партијата можете да прочитате на линкот во продолжение: