МВР: Утре нема да толерираме фотографирање и снимање

323

Министерствотo за внатрешни работи преку соопштение апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден (недела 30 септември 2018 година)  да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и било какво нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање.

„Било какво однесување спротивно на законите МВР нема да толерира и веднаш ќе постапи согласно законите. МВР ќе превземе се што е потребно во недела, 30 септември, граѓаните непречено и мирно да го искористат своето уставно право на слободно изјаснување на својата граѓанска волја“, наведуваат од Министерството.

Согласно стандарните процедури, како што информираат, во МВР е формиран и функционира посебен оперативен штаб, кој има надлежност и овластување да превзема мерки и активности со кои ќе биде гарантирано и овозможено уставното право на изјаснување на секој граѓанин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...