МВР: „Ренџ роверот“ вчера и денеска бил во Скопје, се вршат проверки

3767

Возилото марка „Ренџ ровер дискавери спорт“, за кое дел од медиумите соопштија дека се наоѓа во Грција, е сопственост на МВР и вчера и денеска било во Скопје, потврдија за МИА од Министерството.

– Во врска со написите за користење на службено возило на МВР ве информираме дека споменатото возило е сопственост на МВР и е управувано од овластено лице, вработено во МВР. Возилото вчера и денеска е во Скопје – нагласуваат од Министерството.

Оттаму велат дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, согласно своите овластувања побарал Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да му достави извештај со наоди од спроведените проверки.

– По завршувањето на проверките, соодветно ќе ја известиме јавноста и ќе бидат превземени соодветни мерки – велат од МВР за МИА.

„Нет прес“ претходно објави дека теренското возило во сопственот на МВР со регистарски таблички СК-9559-АЛ, било забележано во Грција и дека наводно го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...