Лика не го дава Секретаријатот бара средби со Ахмети и Заев

1188

Вицепремиерот за Рамковен договор бара Секретаријатот со кој тој раководи, иако ретко оди на работа да остане и добро да се размисли пред да се донесе одлука тој да се  трансформира во Министерство за политички систем. Тој во објава на Фејсбук тврди дека 20 години по конфликтот и донесувањето на Рамковниот договор тој сѐ уште не е спроведен и поради тоа Секретаријатот треба да остане.

Лика во изјава за Плусинфо вели дека ниту лидерот Али Ахмети, ниу сопартијците не го информирале за предлогот Секретаријатот да се трансформира во Министерство.

– Никој не ме информира дека Секретаријатот ќе се укине и дека ќе стане Министерство за политички систем иако предлогот доаѓа од партеници од мојата партија. Не е толку важно дали Секретаријатот ќе се трансформира, туку требаше мене како вицепремиер за Рамковниот да ме информираат за предлогот и да видиме каде Рамковниот ќе се најде во новото министерство. Дали и како ќе продолжи имплементацијата на Рамковниот. За ова требаше да разговараат и со директно засегнатите, односно со поранешните борци на ОНА. Што тие мислат за ова прашање? Со ваквиот потег сопартијците не се однесуваат добро кон мене како функционер кој раководи со Секретаријатот за Рамковниот – ни изјави Лика.

Тој вели дека помалку важно е дали со укинувањето на Секретаријатот тој ќе биде сменет од функција.

– Пред две години не бев  вицепремиер, ништо нема да се смени ако повторно не сум, но не ве во ред последен да дознам дека сакаат да го укинат Секретаријатот. Ќе барам за ова да разговарам со лидерот Ахмети, премиерот Зоран Заев и со сопартијците во органите на партијата – вели Лика.

Тој одби да зборува за предупредувањето од Заев дека треба да оди на работа, во спротивно ќе биде сменет.

– Тоа е друго, не сакам сега за тоа да зборувам за да не се пренасочи вниманието од предлогот за трансформација на Секретаријатот – вели вицепремиерот.

Тој вели дека нема информации дали зад предлогот стои внатрепартиска битка за негова смена.

Лика информира дека на последната седница на Централното претседатрелство побарал сопартијците да се произнесат за ова прашање, но дебата не се отворила. Лика очекува за останување на Секретаријатот да се разговара и во ДУИ, но и со партиите за како што вели да се изгради едно општество за сите.

Следи објавата на Лика на Фејсбук:

– Почитувани другари, соработници и сите вие кои се жртвуваа и помагаа во славната војна на Ослободителната национална армија.

Почитувани членови, активисти, симпатизери, гласачи на Демократската унија за интеграција.

Почитувани граѓани, поминаа речиси две децении од Охридскиот рамковен договор, како компромисно решение за прекин на огнот, за мир и демократизација на општеството во тогашната Република Македонија. Овој договор требаше да се спроведе за четири години, но за жал тој сѐ уште не е целосно имплементирано, како во однос на законодавството, така и во пракса.

Чувствувам обврска да ја објаснам пред вас, ситуацијата која неодамна се создаде околу иницијативата на ДУИ за распуштање на Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, како и за утврдување на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, иницијатива која утре ќе се најде пред пратениците.

Јас, како претставник на ДУИ, во Владата на Република Северна Македонија, во улога на заменик-премиер, посветен на спроведување на Охридскиот договор и политичкиот систем, не бев информиран ниту консултиран за иницијативата или изработката на овој закон , алудирајќи на надлежностите што ќе ги носи новосоздадената институција, како и поврзувањето кое ќе биде со Охридскиот мировен договор.

На последниот состанок со лидерот на партијата, иако доцна, сепак, побаравме да  отвориме дебатата и да дискутираме за оваа иницијатива со сите партиски тела, како и со партии надвор од партијата, обидувајќи се да ги зачуваме и наследиме вистинските вредности кои произлегуваат од Охридскиот мировен договор. Очекуваме политичките актери да размислат и добро да ја разјаснат оваа состојба, да знаат каква ќе биде судбината на Охридскиот мировен договор, со единствена цел да се изгради еднакво општество за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...