Поради несериозно и неодговорно однесување на Ѓорге Иванов 20 македонски амбасади ширум светот се без амбасадори. Лондон, Брисел, Рим, Прага, Стокхолм, постојаните мисии при ОБСЕ во Њујорк, Женева и Виена се само дел од дипломатско-конзуларните претставништва што немаат амабасадори, вели пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.
Според него, оваа блокада од Иванов е уште потврда дека претседателот работи спротивно на интересите на граѓаните и нанесува штета на државата.
– Очигледно, Иванов дејствува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да ги блокира реформите што се во интерес на граѓаните и државата, да ја блокира македонската иднина. За само една година Македонија успеа да направи квантен скок. Од „заробена држава“ со вистински политики на владата предводена од СДСМ, заедно со граѓаните, успеавме да се вратиме на вистинскиот пат, на евро-атланскиот пат на иднината. Одлуката на ЕУ, Македонија да започне преговори за полноправно членство во 2019 година е потврда за тоа. Оттука, особено е индикативно дека Иванов ја кочи дипломтаската мрежа во клучните моменти, кога се прават вистински чекори за целосно интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ – рече Костадинов.