Антизападниот пион Христијан Мицкоски добил долготраен закуп на речиси 33 илјади метри квадратни-земјиште, од Владата на неговиот ментор, Никола Груевски, и тоа во време кога му бил советник за енергетика, обвини портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.
Како што посочи тој, на 1 декември 2015 година, по пат на непосредна спогодба, Мицкоски од Владата на истиот тој Никола Груевски, добил 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала, во катастарската општина Пехчево.
– Земјиштето, сопственост на Република Македонија, од Владата на Груевски е доделено на конзорциумот во кој што е и фирмата каде сопственик е Мицкоски, „Енерготек ДОО Скопје“. Ова е класичен судир на интереси. Во тоа време, декември 2015 година Христијан Мицкоски му бил советник на тогашниот премиер на Владата, Никола Груевски, и тоа за енергетика – рече Костадинов.
За овој класичен судир на интереси,како што го нарече тој, тие очекуваат надлежните институции да реагираат.