Комисијата за „Млади поети“ се оградува од скандалозните стихови

310

Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчовски, членови на Комисијата за конкурсот „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт се оградуваат од скандалозната содржина во збирката поезија и тврдат дека никој од нив не бил консултиран кои песни ќе бидат објавени во книгата.

Реакцијата ја пренесуваме во целост:

„Од страна на Агенцијата за млади и спорт, на комисијата во состав: Јовица Ивановски, Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчовски, ѝ беа предадени авторски дела, потпишани со шифра. Комисијата нема увид во идентитетот на авторите.

Комисијата ги разгледа делата и направи избор на песни за прва, втора и трета награда.

Дополнително, пред неполн месец, беше побарано да напишеме предговор за книгата во кој дадовме општ осврт за повеќето од пристигнатите песни.

Комисијата немаше обврска да прави селекција на пристигнатите песни за книгата, а со оглед на тоа што од песните што ни беа дадени на разгледување, некаде околу 80, се објавени само 44 песни, значи дека сепак некој направил селекција. Притоа, никој од нас не беше консултиран кои песни да влезат во изборот за книгата, а кои не.

Решението што на прес конференцијата го прочита директорот на Агенцијата за млади и спорт, нам, никој, во ниту една прилика, не ни го презентираше или достави.

Како жири комисија, уште еднаш се оградуваме од скандалозните содржини вклучени во збирката“, се вели во реакцијата.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...