Командант Малишева: Секој политичар кој ќе ни падне во раце ќе биде скршен од ќотек

2772

Мухамед Красниќи алијас командант Малишева на својот Фејсбук профил им честиташе на напаѓачите на екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристевски кои се осомничени за организатори на крвавиот четврток, а кои вчера беа истепани во затворот во Шутка.

– Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица…и кој ќе ни падне во раце ќе биде истепан и ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. Браво за денес другари, покажавте кој сте. Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Крашниќи, браво братучед. Миле Јанакиевски беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, пишува Красниќи.

Красниќи е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа убиени осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа убиени и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...