Кои пари се за Србите, а кои за „шиптарите“, објаснува Јанкулоска во „бомбите“

На денешното рочиште, телефонски разговори се слушаа околу еден час, а следното рочиште е закажано за во среда, 7 ноември.

3026

Во „бомбите“ кои денеска се пуштаа во Кривичниот суд на рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО, меѓу разговорите од пред локалните избори во 2013 година, имаше и разговор на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Од аудио снимките можеше да се слушне дека дошло до некоја забуна со пари при што Јанкулоска кажува дека биле дадени пари, споменува лице Снајпер на кое соговорникот на Јанкулоска му дало 75.000 денари.

Таа му објаснува и кои пари и кој лица се за Србите, а кои за „шиптарите“.

На тема пари, се зборува и во дел од другите разговор, меѓу кои во еден екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, прашува соговорничка дали една градежна фирма пуштила пари, а таа му одговара „не“ додавајќи дека ќе пуштат наредниот ден наутро. И наредниот ден тие зборуваат, при што соговорничката кажува дека сѐ уште не се пуштени пари и тои следи електронски кога ќе бидат префрлени.

На денешното рочиште, телефонски разговори се слушаа околу еден час, а следното рочиште е закажано за во среда, 7 ноември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...