Игор Јанушев го повика Груевски да се врати во државата

1936

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната дебата на ТВ24 по барање на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски го повика експремиерот Никола Груевски да се врати во државата и да се соочи со предметите кои се водат против него.

Покрај ова, Јанушев посочи дека правосудниот систем во државата не функционира како што треба и обвини дека шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал Вилма Рускоска, е пулен на власта.

– Граѓаните ќе проценат колку правосудниот систем функционира. Можеше да се каже дека функционира доколку се покренеше истраги за случувањата од минатиот период како за Рекет 2, начинот на кој се води случајот Рекет исто, аферата со навигацијата на Рашковски, и истрага за Диамед. Не треба да се заборави чиј пулен е Русковска. Со една дивоградба успеаа предметите да се префрлат од СЈО во ЈО. Доколку сте за правна држава требаше да го прифатите законот за ЈО, зошто не ги прифативте нашите предлози – вели Јанушев.

Во однос на додатоците кои ги примале вработените во СЈО, Јанушев вели дека се противзаконски односно истите не смееле да ја преминат сумата од 35 отсто од платата.

– Апсурдно е премал збор да се опишат додатоците кои ги земале вработните во СЈО имајќи предвид дека се незкаонски, Закаонот е јасен и дозволуваа до 35 отсто, се над тоа е незаконски. Не само за обвинителите туку за сите кои биле поврзани со СЈО. Станува збор за фирми и физички лица. Небулозни се износите, да примате плата од 6 илјади евра месечно и дополнително околу 70 илјади евра или како Јанева до 150 илјади евра. Тие се незаконски и за тоа некој ќе одговара – вели Јанушев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...