Зоки со картата на Груевски – брзи избори, кукавички и неодговорно!

 Ќе се измерат две клиентели, народот ќе падне во уште поголема апатија, ќе се изгубат вредни месеци за реформи и да се покаже дека имаме `рбет, дека не сме калкулантска нација.

6095

E Зоки, Зоки, на крај ја изигра картата на Груевски. Многу кукавички, многу неодговорно.

Ќе одел на брзи избори, без попис, без прочистен избирачки список, без една изборна единица и отворени листи, без ниту една остварена реформа од ветувањата кои од уста не им излегуваа.

А ние овде троглодити сме, не ја разбираме целата лажна драма што ја глумеше, па налутеност, жити се, ти налутен?!

На кого бе налутен и бесен, си ја видел ли државава, симни се од моторот малце!

Испадна датумот не бил за нас, бил за вас, вие да не бидете лути и бесни, па да си дотерате одговорно еден мандат, со сите грешки и успеси.

Ама не може, зошто калкуланти сте кои глумат емотивци.

Наместо да реформира, одлучи да дестабилизира.

Ќе се измерат две клиентели, народот ќе падне во уште поголема апатија, ќе се изгубат вредни месеци за реформи и да се покаже дека имаме `рбет, дека не сме калкулантска нација.

Ама јок, не можеме да излеземе од нашата провинциска позиција и политика.

(ФБ статуси на авторот)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...