Збори си за себе и пробај тука да застанеш

1349

Вербалното насилство не е само омасовено, тоа опасно е сконцентрирано во неколку апологети кои мислат дека затоа што прдежот на нивните херои им дува во уста, дека они треба да го претворат во ливадско ветренце за нас останатите.

Нема везе, сме виделе премногу слични препотетности.

Проблемот во суштина не се лошите зборови, проблемот секогаш се лошите поими, контексти, идеи, особено оние натежнати со лажни слободи од каде после произлегува и вербалната манипулација, како и секоја формална вулгарност.

И од сите вулгарности, најстрашна е една „мајка на сите вулгарности и лажги“, односно основата на сите препотетности.

Тоа е кога лидерот и неговите следбеници говорат или мислат дека говорат во име на сите граѓани, дека дејствуваат во интерес на сите граѓани, кога е очигледно, а треба и нив да им е, дека зборат само за своите избирачи и своите згрижени газиња. Барем би требало да следат едно основно правило на фер плеј во општествениот дискурс: збори си за себе, и пробај тука да застанеш.

Не сте вие гласноговорници на целата заедница, ниту пак на некаков општоприфатлив здраворазум, не сте инкарнација на некаков си народ, не сте у суштина ништо повеќе од ниеден противник или човек кој со вас не се согласува.

Во целата непочит кон таа комплицирана целовитост и како докажани еднодимензионалци, вие сте под нивото на вистината, не знаете да ја почитувате, не учествувате во нејзиното креирање, дури правите и повеќе штета од декларираните деструктивци.

Треба почесто да ве прекинуваме и замолчуваме, ама таа енергија малку ни ја истрошија овие претходниве што сакаа да зборат во име на сите, па сега паѓаат раце да се гледа истиот идиотизам.

Али терајте, препотентноста секогаш буди разум.

(статус на Фејсбук на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...