За 24 часа во Италија поради коронавирусот починаа 168 лица

Бројот пак на заразените лица со новиот вирус достигна 10.149.Овој раст според епидемиолозите е голем, имајќи во предвид дека вчера бројката на заразени беше 9.172. Исто така бројот на пациенти кои се на интензивна нега од 733 се зголеми на 877.

231
epa08283102 Two women stand before a barrier closing Saint Peter's Square, at the Vatican, after a decree ordering the whole of Italy to be on lockdown to beat the spreading of the novel coronavirus, 10 March 2020. In an attempt to stop the spreading of the novel coronavirus Covid-19, Italian Prime Minister Conte announced on 09 March the extending of coronavirus quarantine measures to the entire country starting on 10 March until 03 April. It will be possible to move only for 'proven work reasons' or 'serious family or health needs', he said. All public gatherings have been banned and people have been advised to stay at home. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Бројот на починати лица од коронавирусот во Италија нарасна на 631, што сметано од синоќа претставува зголемување за 168, јави дописникот на МИА.

Бројот пак на заразените лица со новиот вирус достигна 10.149.

Овој раст според епидемиолозите е голем, имајќи во предвид дека вчера бројката на заразени беше 9.172. Исто така бројот на пациенти кои се на интензивна нега од 733 се зголеми на 877.

И натаму најмногу заразени има во областа Ломбардија.

Поради неконтролираното ширење на Ковид-19 италијанските власти од вчера прогласија карантин на целата територија на државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...