За само неколку часа здравствените власти во Словенија потврдија шест нови случаи на лица заразени со коронавирус, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Со овие нови шест случаи, вкупниот број на луѓе инфицирани со Ковид-19 порасна на 31.
Според министерот за здравство Алеш Шебедер, најголем дел од пациентите со коронавирус се заразиле во странство, но имa и дел кои се заразиле во Словенија, а најголем дел од нив сe медицински персонал.
– Досега за коронавирус тестиравме 1.643 луѓе – изјави Шебедер на прес конференцијата на која ги соопшти најновите бројки на заразени лица.