Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата рече пратеникот Панчо Минов од ГРОМ ќе гласа за уставните измени и оти процесот на разговори може да биде гаранција дека ќе се обезбедат пратеничките гласови.
– Пратеникот Панчо Минов ќе гласа, но работеше на амандманите. Вграден е на три-четири пати во амандманите со неговата креативност во предлозите и тоа ќе биде составен дел во новиот Устав доколку се изгласаат ваквите уставни амандмани и уставниот закон – рече Заев.
Сепак, тој потенцира дека не може да тврди оти има 80 пратеници. Ако нема, посочи премиерот, тогаш секој ќе си ја понесе одговорноста и ќе живее со неа.
– Не можам да кажам дали ќе има 80 пратеници. Секако деновите се броени затоа што постапката е отпочната. Еве денеска зависно од дискусијата веројатно може да се развие да се гласа, најдоцна утре може да се гласа. Јас верувам дека денеска треба да се гласа првиот амандман. Опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски не е таму, така да логиката кажува дека денеска треба да се гласа. Ако покажеме дека не се изгласува, тоа е тоа. Одговорноста ќе си ја понесеме сите за процесот. Сепак, тоа е одлука на пратеник, секој ја знае сопствената одговорност и ќе си живееме со таа одговорност. Исто така, ако се изгласа, среќата ќе ја споделиме. Со таа позитивна одговорност ќе живееме и ќе се радуваме и ќе ги чекаме сите позитивни работи – вели Заев.
Прочитајте повеќе:
Заев: Канческа-Милевска ги знае сите детали, но не знам дали ќе гласа
Заев: Државјанството е македонско, ама никој нема да биде обесправен