Има информации дека пратеничката Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени, дали е тоа точно и дали го загрозува двотретинското мнозинство, е едно од прашањата на кои премиерот Зоран Заев одговараше во пресрет на продолжението на собраниската седница на чиј дневен ред се уставните амандмани.
– Не знам за ниту еден пратеник. Пратеничката Елизабета Канческа Милевска е координатор на новата пратеничка група и таа е длабоко влезена во процесот на разговорите за сѐ. Работи буквално како нас во Владата, креаторите на амандманите. Знам дека знае за сите детали, секако одлуката ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група, секој пратеник поединечно, па и вкупно сите 120 пратеници, па и очекуваните 80. Не можам да кажам дали без еден пратеник ќе има 80 или не. Не знам дали ќе бидат 80, дал 79, дали 82, дали 78. Никој тоа не може да го каже – рече Заев.
Тој уште еднаш нагласи дека е оптимист оти ќе се изгласаат уставните измени.
– Јас верувам дека самиот процес на разговори кој тече дава можност да веруваме дека ќе се обезбедат најмалку 80 пратеници. Тоа е конечната цел и затоа дискутираме. Ако тоа не беше важно ќе одиме директно, ќе се гласа, ќе се донесат одлуките и на крајот ќе видиме дали има две третини или не. Лично верувам дека ќе се обезбеди. Останувам оптимист затоа што ги знам и оние причини кои сега се процес на дебата, тие не се од таква суштина за да загрозат ваков процес, но не е неважна. Мораме да бидеме внимателни за сите аспекти – вели премиерот.
Прочитајте повеќе:
Заев: Панчо Минов ќе гласа, денеска треба да се гласа првиот амандман
Заев: Државјанството е македонско, ама никој нема да биде обесправен