Колку и да е голема болката во градите, имаме фер и праведно решение, а најсуштествена предвидена промена во Устаот е во амандмамнот 32 според кој секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историски контекст, рече премиерот Зоран Заев на вториот ден од јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според преспанскиот договор која се одржува на ФОН Универзитетот во Скопје.
Премиерот истакна дека со договорот со Грција, се овозможува Македонија во иднина да нема отворени билатерални прашања и да се одблокираат евроинеграциските процеси на земјата.
– Договорот со Грција оозможува, почитување на правото на самоопредеување давајќи ни шанса да зоруваме македонски јазик кој иако е признаен во 1977 година, ЕУ ни се обраќаше со вашиот народ, вашиот јазик, наместо македонски народ или македонски јазик. Тоа се правеше, најверојатно заради лобирањето на грчките претставници. Сетоа тоа беше понижување за нашата земја, а откако ќе го заокружиме процесот, ќе имаме земја, грутка наша која ќе биде признанена од цел свет, а Македонија ќе може да почне да се занимаа со животните прашања – истакна премиерот Заев.
Премиерот се осврна на предвидените промени што се содржани во четирите нацрт амандмани кои во прва фаза поминаа и во парламентот.
Првиот амандман, како што објасни премиерот, се однесува на замената на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија, секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.
-Тоа вгнездува непријатни чувства, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, немаме аспирации спрема ниту една соседна држава. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и економска благосостојба нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. Беше многу важно Грција да го одблокира процесот на интеграција и пробемот да биде трајно решен. И затоа дојдовме до уставните измени – рече премиерот.
Заев, на јавната дебата повтори дека вториот амандман се однесува на Преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ, се заменуваат со прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор за да биде конститутивен елемент на државата.
Во третиот амандман се додава само еден став, а тоа е Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегриет и политичката независност на соседните држави, што дава посилни гаранции за трајност и неповредливост на границите со Грција, иако се однесува за сите соседи.
Во четвртиот амандман, појасни премиерот, стои дека Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на македонскиот народ. Потоа, дека Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, се грижи за припадниците на македонскиот народ кои живеат во странство, но притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
– Амандманите ќе стапат на сила кога Договорот и Протоколот за пристапување во НАТО ќе бидат ратификувани од страна на Парламентот на Република Грција. Доколку грчкиот парламент не ги изгласа, тогаш нема да има ништо од предвидените амандмани – објасни премиерот Заев.