Не се брише АСНОМ, ниту се создава нова држава, реплицираше премиерот Зоран Заев на комисиската расправа за уставните амандмани по говорите на пратениците од опозицијата и нивните искажани сомнежи дека со нацрт амандманите се брише македонсакта држава, историја и идентитетот.
– АСНОМ и Крушевската Република се во суштината на борбата на државата. Знам дека не е исто да се кажат одлуките на АСНОМ и прогласот на АСНОМ, но треба да знаеме дека правиме договор и градиме пријателство со нашиот сосед – рече Заев.
Тој уште еднаш повтори дека АСНОМ два пати ќе биде спомнат во Уставот и оти не станува збор за какво било бришење на историското наследство.
Повеќе од амандманската расправа во Собранието:
Првиот амандман со 10 гласа „за“ помина на Комисијата за уставни прашања
Димков: Нѐ фати еврејската клетва
Мицевски: Ја укинуваме Република Македонија, Северна е нова творевина
Заев: АСНОМ не се брише, името ќе биде Република Северна Македонија
Мицевски: Заев и Џафери сакаат низ мала врата да ги протнат уставните измени