Заев експресно го менува ликот на СДСМ: Не сме веќе македонска, туку мултиетничка партија! (ВИДЕО)

6610

Се чини дека Зоран Заев ги отстрани сите дилеми околу спремноста на СДСМ да влезе во предизборна коалиција со една или повеќе албански политички партии. Очигледно е дека кај него надвладеала проценката дека само еден таков потег ќе ја спаси партијата од пораз на изборите.

СДСМ веќе не е македонска туку мултиетничка партија и поради тоа е фаворит на изборите, изјави вчера Заев, објаснувајќи дека таков, мултиетнички, е и составот на државата.

– За прв пат ќе смогнеме сили да направиме предизборна коалиција со албански партии. Ние веќе не сме македонска политичка партија – ние сме мултиетничка партија со доминантно македонско гласачко тело, но таков ни е и етничкиот состав на државата. Сето тоа ни дава за право да бидеме фаворити на овие избори – изјави Заев во Виница.

Мислењата во јавноста за одлуката на Заев се поделени. Откако Алијансата на Албанцита на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши се здружија и ја отфрлија можноста за коалиција со СДСМ, а луѓе од раководството на партијата на Заев градат непријателство кон ДУИ, сè поизвесно е дека потенцијални партнери на СДСМ се Беса на Билал Касами и ДПА на Мендух Тачи. Дополнителна компликација предизвикаа изјавита на Касами дека не сака коалиција со Тачи и желбата на лидерот на ДПА да биде вицепремиер.

Од тој аспект, иако храбар, потегот на Заев е прилично ризичен, сметаат познавачите на приликите. Како што дознава Плусинфо, мислењата во раководството на СДСМ околу идејата за предизборна колаиција со албански партии исто така се спротивставени. Едни мислат дека тоа е добитна комбинација, но други сметаат дека гласачкото тело во Македонија сè уште не е подготвено за ваков експеримент, а и фрагментираноста во албанскиот политички табор е пренагласена.

Во ДУИ, како што дознаваме, владее нескриено задоволство поради неспремноста на албанската опозиција да се обедини, поради што партијата очекува сигурна победа на изборите, после која таа ќе води главен збор во име на Албанците при формирањето на извршната власт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...