Експратеникот на ДУИ и портпарол на ОНА во 2001 година, Хајрула Мисини, познат како командант Шпати, од денеска е член на партијата Алтернатива на Африм Гаши. Тој за Плусинфо вели дека сака да верува дека во Алтернатива се подобри од ДУИ.
– Од денеска сум во Алтернатива. Сакам да верувам дека тие се подобри од ДУИ. Во Алтернатива дојдов за со моето искуство им помогнам на овие деца – ни изјави Мисини.
Мисини во два мандата беше пратеник на ДУИ. Партијата на Али Ахмети ја напушти лани по објавувањето на „бомбите“ за ДУИ од страна на Ел Чека. Тој вели дека си заминал од ДУИ бидејќи се соочил со вистината што се случувало во редовите на ДУИ.
Фото: Фејсбук профил на Алтернатива