ДУИ со три опции за евентуалните предвремени избори

Изворите од ЦП брифираат дека големи се шансите албанскиот политички блокда на евентуалните избори да настапи со заеднички листи. Во таков случај, велат можно е да обезбедат околу 30 пратеници и заедно со СДСМ постизборно да формираат Влада која ќе има мнозинство да ги помине уставните амандмани и со тоа и Договорот за името.

8527

Албанскиот политички блок да излезе со заеднички пратенички листи, ДУИ сама да оди на избори и предизборна коалиција со СДСМ и коалицијата, биле ставени на маса на вечерашното Централно претседателство на ДУИ, доколку се изјаловат обидите да се убедат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани и неминовно да мора да се оди на предвремени парламентарни избори, брифираат за Плусинфо членови на ЦП на ДУИ.

Според нив, најмалку посакувана опција за партијата на Али Ахмети е предизборна коалиција со СДСМ, бидејќи во таков случај голем број функционери на ДУИ ќе отпаднат од пратеничките листи.

Изворите од ЦП брифираат дека големи се шансите албанскиот политички блок на евентуалните избори да настапи со заеднички листи. Во таков случај, велат можно е да обезбедат околу 30 пратеници и заедно со СДСМ постизборно да формираат Влада која ќе има мнозинство да ги помине уставните амандмани и со тоа и Договорот за името.

Третата опција е ДУИ сама да трча на евентуалните нови избори.

Која од опциите ќе преовлада ќе зависи од одлуката на Централното претседателство која ќе се носи во случај ВМРО-ДПМНЕ да остане на позицијата дека нема да ги гласа уставните измени.

Од партијата велат дека ќе прават максимални напори да го убедат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и пратениците за Договорот да помине во Собранието. На ДУИ во моментов не ѝ се опција изборите, бидејќи стравуваат дека претседателот Ѓорге Иванов повторно може да одолговлекува со давање на мандатот и целата ситуација со Договорот за името дополнително да се искомплицира.

ДУИ до крај ќе притиска на институционално решение. Ахмети веќе се сретнал со Мицкоски и од ДУИ не ја исклучуваат можноста за нови средби во наредните денови, само за да се убеди ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи амандманите. Освен Ахмети и дел пратеници ќе ги убедуваат колегите од ВМРО-ДПМНЕ за значајноста на Договорот за името за евроинтеграциските процеси на земјава, а меѓу клучните играчи за ова ќе биде и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Од партијата не откриваат детали како поминала средбата помеѓу Ахмети и Мицкоски и дали е можна промена на ставот на дел пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...