Дожд и ветер со брзина од над 70 километри на час попладнево

478
20151020 Tuesday 1317 dozd esen vrne nevreme vrnezlivo dozdlivo loso vreme ladno tmurno

Врнежи од дожд и силен ветер со брзина од над 70 километри на час се очекуваат денеска во попладневните часови.

Синоптичарите најавуваат повеќе врнежи во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината услови за снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...