Дијамант од 190 карати пронајден во Русија

987

Огромен дијамант од 190,77 карати е пронајден во руско сибирската федерална единица Јакута, само неколку дена пред Нова Година, соопшти водечкиот светски производител на дијаманти Алроса.

Според експертските анализи, висококвалитетниот скапоцен дијамант, кој е ископан во Јакута, можел непречено да остане во природата две милијарди години. Натамошните испитувања ќе ја потврдат точната старост на дијамантот.

– Откривањето на дијамантот непосредно пред Нова Година е вистински подарок, изјави заменик генералниот директор на Алроса, Јевгениј Агуреев.

Огромниот скапоцен камен е испратен на детални анализи и прелиминарно вреднување.

Агуреев додаде дека природата оваа година била многу дарежлива, со исклучителни изненадувања, како на пример дијамант во облик на срце, кој компанијата го открила еден ден пред Свети Валентајн.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...