Димовски и Ѓорчев извисија, Милошоски но и Бишевац на пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ

2498

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги обелодени носителите на пратеничките листи по потврдата од Централниот комитетот на партијата.

Носител во првата изборна единица ќе биде универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, листата за Втората изборна единица ќе ја предводи потпретседателот Владо Мисајловски, во „тројката“ прв на листата ќе биде генералниот секретар Игор Јанушев. Четвртата изборна единица ќе ја предводи потпретседателот Александар Николоски, додека прв во Петата изборна единица е оперскиот пејач Игор Дурловски, Дафина Стојановска ќе ја предводи Шестата изборна единица.

Впечатливо е дека меѓу кандидатите за пратеници го нема Илија Димовски и Влатко Ѓорчев но затоа втор во „петката“ е пратеникот Антонијо Милошоски. На листата за Првата изборна единица  е и поранешниот новинар и пратеник Сафет Бишевац.

Мицкоски порача дека над 95 проценти се луѓе кои првпат ќе бидат на листите за пратеници. Тој рече дека одат на сигурна победа и дека секоја генерација има своја битка и дека тие имаат историска одговорност да донесат победа за Македонија.

Според Мицкоски, за разлика од СДСМ која има лица кои повеќе од 15 години се во политиката и кои неуспешно извршувале државни функции,  ВМРО-ДПМНЕ располага со потенцијал кој ќе го искористи и за во извршната власт, но и за локалните избори.

Прва изборна единица

1. д-р Гордана Сиљаноска Давкова од Центар,
2. д-р Тимчо Муцунски од Центар,
3. д-р Синиша Стојановски од Аеродром,
4. м-р Бети Стаменковска Трајковска од Кисела Вода,
5. коалиција,
6. коалиција,
7. д-р Велика Стојкова Серафимовска од Центар,
8. Тони Јаревски од Карпош,
9. Сафет Бишевац од Студеничани,
10. Весна Марковска од Аеродром,
11. Игор Никовски од Кисела Вода,
12. Ружица Николовска од Карпош,
13. Коалиција,
14. Влатко Мојсовски од Македонски Брод,
15. Јасмина Паметковска од Сопиште,
16. Мартин Стојановски од Сарај,
17. Филип Ѓорѓиев од Центар,
18. Тамара Михајловска од Аеродром,
19. Сергеј Попов од Центар и
20. Бисера Златеска од Македонски Брод.

Втора изборна единица

1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,
2. д-р Рашела Мизрахи од Карпош,
3. Бране Петрушевски од Куманово,
4. коалиција,
5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,
6. Дарко Костовски од Бутел,
7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,
8. Зоран Коцевски од Гази Баба,
9. Емилија Ангелова од Чаир,
10. Кети Димковска од Куманово,
11. коалиција,
12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,
13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,
14. Дијана Илиевска од Гази Баба,
15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,
16. Игор Атанасовски од Гази Баба,
17. Борче Илиевски од Бутел,
18. Искра Крстевска од Чаир,
19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и
20. Тихомир Алексовски од Куманово.

Трета изборна единица

1. Игор Јанушев од Велес,
2. Иван Јорданов од Штип,
3. Благица Ласовска од Свети Николе,
4. д-р Иванка Василевска од Скопје,
5. коалиција,
6. Игор Здравковски од Велес,
7. Миле Лефков од Кочани,
8. Никола Мицевски од Штип,
9. Даниела Христова од Виница,
10. Марија Петрушевска од Петровец,
11. Драган Ковачки од Делчево,
12. Јохан Тарчуловски од Скопје,
13. Весна Ничева од Штип,
14. Анри Андоновски од Крива Паланка,
15. д-р Марјан Миленковски од Пробиштип,
16. Цветанка Каракашева од Пехчево,
17. Верче Мицевска од Илинден,
18. Христина Смилевска од Делчево,
19. Киро Нацков од Градско и
20. Лидија Анакиева од Зрновци.

Четврта изборна единица

1. Александар Николовски од Охрид,
2. Ане Лашкоска од Прилеп,
3. Дајанчо Ефтимов од Василево,
4. Ели Панова од Струмица,
5. Зоран Јованчев од Каварадци,
6. Петар Ристески од Прилеп,
7. Здравко Трајанов од Радовиш,
8. Ангелина Петкова од Гевгелија,
9. Златко Пенков од Неготино,
10. Јадранка Поцкова од Струмица,
11. коалиција,
12. коалиција,
13. Дејан Бошков од Валандово,
14. Ирена Стерјоска Локвенец од Прилеп,
15. Слободан Ивановски од Кавадарци,
16. Димитар Лазаревски од Могила,
17. Катерина Мојсоска од Кривогаштани,
18. Златко Темелковски од Кукуречани,
19. Владимир Ристов од Струмица и
20. Александра Свајќароска од Прилеп.

Пета изборна единица

1. Игор Дурловски од Битола,
2. Антонио Милошоски од Кичево,
3. д-р Силвана Ангелевска од Битола,
4. д-р Кирил Пецаков од Охрид,
5. Јован Јаулески од Струга,
6. Олга Лозановска од Битола,
7. Ѓорѓија Сајковски од Кичево,
8. Лидија Петкоска од Охрид,
9. Мирче Аџиовски од Струга,
10. Грација Бакрачевска од Охрид,
11. Бајрам Требишки од Маврово-Ростуше,
12. Бобан Бојковски од Битола,
13. Билјана Проеска од Крушево,
14. Тасин Ибраим,
15. Никола Најденовски од Демир Хисар,
16. Олгица Божиновска од Кичево,
17. Ѓорѓи Влајкиновски од Вевчани,
18. Алмедин Шаиновски од Дебар,
19. Жанета Савевска од Ресен и
20. Сандра Пејковска од Демир Хисар.

Шеста изборна единица

1. Дафина Стојаноска од Гостивар,
2. Александар Велјановски од Тетово,
3. Фуркан Чако од Гостивар,
4. Стојан Тодоровски од Брвеница,
5. Јасминка Богдановска од Теарце
6. коалиција,
7. Анита Бошковска Јовановска од Тетово,
8. Милан Јовановски од Гостивар,
9. Никола Крстовски од Јегуновце,
10. Верица Зафировска од Теарце,
11. Бране Стојчевски од Брвеница,
12. Станислав Бојчевски од Тетово,
13. Татјана Каранфиловска од Гостивар,
14. Татјана Стојановска од Јегуновце,
15. Александар Гиновски од Теарце,
16. Стојан Стрезовски од Гостивар,
17. Валентина Стефановска од Тетово,
18. Костадин Гогов од Тетово,
19. Маја Зафировска од Брвеница и
20. Билјана Тошевска од Јегуновце.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...