Даниел Крег се соблече и покажа зошто тој е идеалниот Џејмс Бонд ФОТО

Згодниот британски актер по петти пат ја играше улогата на најпознатиот таен агент  во филмот „Нема време за умирање“.

653

Даниел Крејг (52) го објави своето последно интервју како Џејмс Бонд за британскиот магазин „Џеј Кју“, за кој, на големо задоволство на бројни обожаватели, тој сними и „жежок“ едиторијал позирајќи без маица.

Згодниот британски актер по петти пат ја играше улогата на најпознатиот таен агент  во филмот „Нема време за умирање“, чија премиера се одложи поради глобалната епидемија на коронавирус дури за ноември годинава.

– После „Спектра“ (од 2015 година), се заколнав дека повеќе нема да снимам филмови за Бонд… Се прашував дали вреди повторно да се помине низ сето тоа… Искрено, ниту физички не се чувствував најдобро – рекол Крег.

И, иако ја игра главната улога во франшизата, претходно не го добил сценариото, па му било исклучително тешко да се подготви за еден од најтешките проекти.

– Бев вознемирен и загрижен за сè. Тоа е голем притисок… Молчев сите овие години, но денес ми е жал што не зборував за сè кога требаше – рече искрено Даниел, според „Дејли мејл“.

Во интервју за „Џеј Кју“, тој се осврнал и на неговиот приватен живот – актерот од 2011 е во брак со неговата колешка Рејчел Вајс (50), со која има ќерка, а во искрениот разговор, тој откри и дека не ја исклучува можноста да има второ дете.

– Има многу убави работи во животот – заклучил Даниел Крег.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...