Груевски: Една година го држеа завршениот автопат затворен, не изградија ниту метар

3184
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski

Една година новиот автопат го држеа завршен, а неотворен со лажно објаснување дека не е завршен, а всушност од градежните работи не беше завршено само преместувањето на еден далновод и контролната соба. Нешто за што требаат најмногу три месеци, поточно на крајот на август 2017-та делницата Демир Капија – Смоквица на тогаш автопатот именуван како „Александар Македонски“ да се пушти во употреба. , пишува поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во негиот најнов статус на Фејсбук.

„Реалната причина всушност беше да помине една година и во перцепцијата на народот да се всади дека во поголем дел СДСМ го изградил овој автопат. А, всушност нема изградено ниту еден метар од автопатот во време на нивното владеење“, наведува Груевски.

Мицкоски во интервју за Курир, го сподели истиот став како и неговиот претходник за автопатот Демир Капија – Смоквица, за што вели дека цела година дена се префрлал далновод и градел диспечерски центар, непотребно и поради политички причини се одложувал неговото пуштање во употреба.

Од СДСМ им возвратија дека темната страна на новата историја на Македонија имаат име и презиме и тоа се ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. За Мицкоски посочија дека нема капацитет и оди по стапките на неговиот претходник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...