Во согласност со издадените мерки и препораки од владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека почнувајќи од утре 11.03.2020 година, среда во наредните 14 дена нема да се врши прием на странки во Секторот за финансиски прашања – Одделение за даноци (во барака број 15), за консултации во предвидените приемни денови (вторник и петок).
Исто така, Ве известуваме дека шалтерите во барака број 16 редовно ќе ги извршуваат своите работни дејности за прием и издавање на документи.