Градската куќа нека стане дом за бездомници!

Ќе биде ова најскапото сместување за бездомници на светот можеби, ама еден голем криминал и голем беснотилук и безидејност би се претвориле во нешто корисно.

1053

Бидејќи приказнава со Градскава куќа се извулгаризира, и тоа не ни пречи, еве една храбра идеја.

Само што видов приказна за бездомници, цело семејство завршиле под мост во Скопје.

Веројатно и бројката на бездомници расте, до пред некоја година ги имаше 200.

Досредете ја Градската куќа да има минимални услови за живот, зошто да ја продавате под реалната цена, ионака ќе испрофитира некој приватник, плус нели локацијата е тапа.

Коце нели вработуваше неколку бездомници, не знам дали тоа сега уште е пракса. Нека има некои услови, ќе работат тие што сакаат сместување, ќе се реинтегрираат во општеството, ќе им се даде втора шанса. Мислам дека ова може да важи за многу ранливи категории, припадници од ромската заедница, ама веројатно и бездомниците заслужуваат своја нова куќа.

Криминалот и парите од режимот гледаме дека не се враќаат, барем не кај народот, тоа е изгубена работа.

Ќе биде ова најскапото сместување за бездомници на светот можеби, ама еден голем криминал и голем беснотилук и безидејност би се претвориле во нешто корисно.

Инаку, објекти за вакви и милион други намени имаме еден куп, ама властите и министерствата повеќе сакаат да ги држат празни, отколку да служат за нешто.

(ФБ статус на авторот)

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...