ВМРО-ДПМНЕ: Договори ли Шилегов однапред милионска зделка за автобуси?

263

Градоначалникот на Скопје досега потпиша два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон, со две странски компании. Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

– Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер. Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога не знае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка? – праша Светлана Колариќ од опозицијата.

Таа праша и кои се мотивите и дали станува збор за однапред договорена зделка чија вредност е неколку милиони евра.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Шилегов треба да објасни и како возилото марка „ауди“ кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...