Вице Заев: На Николовски му давам три дена да докаже дали имам врски со Мијалков!

Барам кажаното да го докаже на начин што сите евентуални докази ќе ги поднесе до Јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе сметаме дека докази нема и дека сето тоа е измислица, па според тоа ќе поднесам тужба за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета., вели Вице Заев, бизнисмен и брат на премиерот.

3014

Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, во интервју за 1ТВ ги демантира обвинувањата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дека тој и неговиот брат направиле криминална коалиција со Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната полиција, кој пред два дена беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.

– Барам кажаното да го докаже на начин што сите евентуални докази ќе ги поднесе до Јавното обвинителство, а доколку не го стори тоа во рок од три дена, ќе сметаме дека докази нема и дека сето тоа е измислица, па според тоа ќе поднесам тужба за нарушување на честа и угледот, бидејќи ми се нанесува политичка, но и материјална штета. Не гледам  како може да се направи  било каква споредба меѓу мене и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Ниту сум избран и именуван функционер, ниту имам некаква функција. Јас сум бизнисмен и со години работам во приватниот сектор. Моите фирми не учествувале на јавни тендери во изминативе години, а најмалку во последните неполни две години во кои мојот брат, Зоран Заев е премиер – вели Вице Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...