Обвинетиот Александар Василевски Нинџа на денешното рочиште се пријави да му постави неколку прашања на Трајко Вељановски.
– Дали на 27 април 2017 околу 18 часот ја известувавте тогашната заменичка министерка за правда Билјана Бришкоска Бошковска за состојбите во пленарната сала? – праша Нинџа.
Ова прашање не беше дозволено по приговорот на адвокатката на Горан Ѓошевски Леви, по што Нинџа го праша Вељаноски дали пратеникот Сашо Василевски за отворање на вратите насоката ја добил токму од него.
– Не е вистина. Ниту за Биљана Бришкоска Бошковска, ниту за Сашо Василевски. Не знам до крајот на судењето уште за колку ќе кажете дека сум се јавил за да се отвори вратата. Не е вистина и ве молам да прекинете со разни имиња што се лицитираат – рече Вељаноски.
Прашања за експретседателот на Собранието имаа и другите обвинети, кои меѓу останатото, го прашуваа и дали спие мирно, дали има грижа на совеста итн. Какви прашањата поставија, Никола Митревски Кољо, Игор Југ и Јане Ченто можете да прочитате ТУКА.
Повеќе од денешното сведочење на Трајко Вељаноски за 27 април прочитајте на линковите подолу:
Вељаноски: Мукоски придонесе да се вжешти атмосферата, а Зекирија не можев да го исклучам кога пееше
Вељаноски: Ниту сум помислил ниту сум кажал на некој да ги отвори вратите
Адвокатката на Леви: Испитувањето на Вељаноски од Кацарска е надвор од законот