Сашо Мијалков и Љубе Бошковски утрово се сретнаа во судницата во Кривичниот суд во Скопје каде требаше да почне судењето за предметот Тортура за начинот на кој беше апсен Бошковски по изборите во 2011 година.
Мијалков му пријде и се поздрави со брат Љубе, а Бошковски смета дека тој е спремен да му се извини.
– Ние имаме разбирање за нив, тие се во исклучително тешка ситуација, од најмоќни луѓе во државата се во ситуација да се борат за својата слобода – рече Бошковски.
Одговарајќи на новинарскипрашања рој рече дека е добро да се прости, но не може да се заборави едно такво тортурирање и начин на владеење со државата.