Градоначалникот Благоја Бочварски вели дека пред Управен суд ќе ја обжали одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата која вчера предложи прекршочна постапка зато што штипскиот градоначаник среде изборна капања донирал дрва на социјално загрозени семејства што е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Антикорупционерите во својата одлука напоменуваат дека во случајов не може да се утврди дека имало поткуп на гласачи, но дека е прекршен законот според кој не може да се исплаќаат плати, пензии, социјална помош и пари од јавни фондови од денот на донесувањето на одлуката за распишување на изборите до нивно завршување.
– Одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја обжалиме пред Управен суд зошто во случајов не е земено предвид решението што го имам потпишано за донацијата на дрвата, а кое е од 12.12. 2018 година, многу порано од почетокот на кампањата. Ние во неколку наврати дониравме дрва, но тоа не беше направено во време на кампањата. Настрана што сакавме да им помогнеме на семејствата кои ни се обратија, а тоа го направивме од хумани причини, а не поради поткуп на гласачи, а токму тоа го констатира и комисијата во својата одлука – вели градоначалникот Бочварски во изјава за Плусинфо.
Тој сепак додава дека ќе ја почитува олуката на институциите, ако утврдат дека направил прекршување на Изборниот законик, откако ќе се произнесе и Управниот суд, но напоменува дека станува збор исклучиво за донација, а не за поткуп.
– Дрвата ги донираве сега кога им треба на граѓаните, што ќе им се во јуни кога ќе затопли, настрана што станува збор за два кубика дрва за три четири семејства. Може ли да се прави поткуп со два кубика ? – прашува градоначалникот Бочварски.
Во Изборниот законик е предвидена глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на член на Влада, заменик министер и функционер кој раководи со орган ако постапи спротивно на членот 8-а од овој законик, а за кој антикорупционерите утврдија дека не бил испочитуван.
Прекршочна постапка за непочитување на Изборниот законик е покрената и против градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски по приговор поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за објавена информаија дека училишното обезбедување во 11 училишта и две градинки ќе биде на товар на опшината, наместо да плаќаат родителите.