Судскиот курир што треба на Никола Груевски да му го врачи решението за извршување на затворската казна вечерва двапати заѕвонил на вратата на експремиерот, но не го нашол дома.
Првиот пат вратата ја отворила сопругата Боркица и рекла дека Груевски е излезен, објави ТВ Алсат М.
Според информации на телевизијата, курирот вечерва пак ќе се обиде да го врачи решението.
Груевски штом го прими решението, мора веднаш да се јави во затворот во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“, но решението мора да го прими лично на рака.
Инаку, пред капијата на затворот Шутка поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ го чекаат новинари, телевизиски екипи и фотографи.