Богоевски: Шарената револуција е во сила, а Груевски со народни пари се гоштева на бродови ВИДЕО

430

Не оди еден пратеник кој толку се залагал за правда и правичност за сите, кога ќе стори нешто незаконски да продолжи да биде пратеник, рече Павле Богоевски од собраниската говорница од каде што денеска пред пратениците ги наведе причините поради кои поднел оставка.

Тој образложи дека оставката ја поднел за да не влијае со неговата функција на постапката што ја водат органите на прогонот против него за нарачувањето масло од канабис.

Освен поради морална одговорност, Богоевски рече дека поднесува оставка и од лична причина.

– Вредностие се над функцијата. Вредностите и принципите на Шарената револуција сѐ уште се живи и се во сила и никој не може да ги помести од нивното тежиште – рече Богоевски кој уште еднаш повика надлежните органи да го расчистат случајот со неговото самопријавување, но и со таксистот кој нелегално го прислушувал.

Тој ги обвини пратениците од ВМРО – ДПМНЕ дека не можат да се одлепат од бегалецот од правдата Никола Груевски, кој, како што рече,„ со пари на граѓаните се гоштева по бродови“.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, по говорот на Богоевски, ја констатираше оставката на Богоевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...