Пратеникот Павле Богоевски, претседател на собраниската Комисија за мандатни прашања поднесе оставка од пратеничката функција.
Тој рече дека оставката ќе стапи во сила по гласањето на пленарната седница за мандатот на Никола Груевски.
– Колеги пратеници останете верни на вредностите и принципите, знам дека политиката е валкана игра, но верувам во вас и знам дека можете. Гласот за одземање на мандатот на Груевски ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај – рече Богоевски.
Оставката на пратеникот Богоевски беше поттикната по скандалот со објавена снимка од телефонски разговор за која извесен Илија Громовник, кој ја постави снимката на руска социјална мрежа, тврдеше дека пратеникот нарачувал кокаин, наспрои неговото јавно признание дека нарачал масло од канабис за негов близок кој бил болен. За случајот Овинителството и МВР отворија истрага.