Ахмети: На туѓа свадба не одам

4444

Ние не се откажуваме од принципот за консензуален претседателски кандидат, но тогаш кога ќе постои реципроцитет. Не можам да гласам или да поддржам кандидат кој СДСМ ќе го гласа на Конгрес, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за вториот канал на МРТВ.

– Излегуваат со изјава дека ќе прават Конгрес. На туѓа свадба не одам. Ниту на свадба непоканет не одам. Овие неодговорни потези на СДСМ, на неколку нивни високи  претставници се некоректни. Ние не сме ничија патерица, ниту, пак, сме нечија опашка. Ниту претходно на Груевски, ниту сега на Заев. Направивме длабока анализа и решивме да излеземе со наш кандидат – рече Ахмети.

Тој открива дека по Централното претседателство на ДУИ имал средба со Заев. Дека Заев бил транспарентен и рекол дека тоа дејствување на некои функционери на СДСМ би го иритирале и него. Ахмети најавил дека на следното Централно претседателство ќе разгледувааат прифатливи кандидати за претседател.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...