Ало, кого правите будали?!

Проблемот доаѓа од вас, од ваши луѓе, од ваши некои новопечени елити, од вашите избрани или поставени функционери, од вашите лоши друштва и вашиот лош избор да влезете во кондурите на веќе постоечкиот систем.

10718

Не ви врви причата дека сė е напад врз нацијата, дека сė нешто прави стариот режим, стар некојси криминал.

Ало, кого правите будали?!

Конечно ги имавте сите инструменти тоа да го средите, да се соочите со тие елементи и видовме што направивте.  Се знае како функционира во оваа земја, се менуваат луѓето, системот останува истиот.

Што значи дека треба да почнете да размислувате што со криминалците во вашите редови.

За криминалците од режимот ве видовме, речиси ништо не направивте, ништо не сменивте. Еден лежи за мерцедес и еден за кубење, неколку што не прифатија амнестија, и сė друго е на слобода.

Не продавајте приказни за архајски сили, туку средете го актуелниот криминал, актуелните политички функционери кои се дале на криминал и кои тоа го правеле со политичка поддршка или со игнорантски однос од страна на политиката.

И уште една работа. Се повикувате на некаков напад врз правната држава. Дечки, тоа што сте прозападно ориентирани, не ве прави поштени, ниту државата ја прави правна држава. За напад врз правна држава, треба прво да постои правна држава.

Така што, не паѓајте во авторитарната илузија да се идентификувате со државата и да се еректирате во позиција на единствени бранители.

Затоа, престанете и со тој булшит, зошто ако така продолжите, тогаш само признавате дека ништо не ни сакате да оправите, односно, не можете, затоа што самите сте дел од проблемот.

Проблемот доаѓа од вас, од ваши луѓе, од ваши некои новопечени елити, од вашите избрани или поставени функционери, од вашите лоши друштва и вашиот лош избор да влезете во кондурите на веќе постоечкиот систем.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...