Адеми: Снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе одговараат

7684

Откако од утрово на Фејсбук страницата „Предавници Traitors“ бојкотирачите се пофалија како ги снимаат, фотографираат и навредуваат граѓаните кои во дијаспората излегоа да гласаат на референдумот, конкретно во Мелбурн, Австралија, се огласија и македонските власти.

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат законските последици.

„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата. Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат. Истовремено, инстутуциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти. Случајот е пријавен, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство. Ги охрабрувам сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставнишвта без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас“, се огласи Адеми.

Повеќе за случувањата во дијаспората:

СКАНДАЛ Бојкотирачи снимаат и објавуваат „предавници“ кои гласаат во Австралија ВИДЕО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...