Протест на новинарите: Копилињата нема да стивнат! ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА

1258

„Копилињата нема да стивнат“, „Долга е раката на пајакот“, „И јас сум копиле“, „Не се плашам од појави“, „Слободата нема да смее да биде замолчана“.

Ова се пораките кои денеска новинарите преку транспаренти ги испратија до Владата на протестот кој се организира откако беа упатени закани кон претседателот на Здружението на новинари на македонија (ЗНМ).

– Бараме да се обезбеди полициска заштита затоа што станува збор за закани од лице кое има минат труд од насилство. Бараме да се постапува по должност зошто тоа што се случува е нешто што се случува на сите нас. Ќе побарам од институциите да ја извршуваат својата должност, а не да пуштаат соопштенија за солидарност – рече претседателката на Самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис.

Селмани пак порача дека новинарите се денес пред владата затоа што се прелила чашата, затоа што се спроведува цензура во телевизиите, затоа што новинарите се влечат по судови бидејќи сликаат политичари на јавни места.

– Сакаме да испратиме порака до Влада на која и плаќаме даноци. Владата е влада на Македонија, не прифаќаме да постојат две влади и оваа влада има обврска да ги замолчи насилниците. Не е време Владата да пишува осуди, тоа нр е доволно! Има обрска да ги замолчи. Еден режим испративме утре може да настане нов. Не им се плашам. Не му се плашев на Никола Груевски кога се закануваа на моите деца и кога се закануваа дека ќе ме апсат. Не им се плашам на насилниците од ДУИ и на оние што седат со нив во Владата и што молчат. Ништо не ни можат! – рече Селмани.

На протестот се појави и министерот без ресор задолжен за транспарентност и предност Роберт Поповски кој повтори дека најостро го осудуваат нападот кон Селмани, како и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Ве уверувам дека оваа вВлада има нула толеранција. Мило ми е што се испраќаат пораки и кон другите институции бидејќи Владата не е единствената институција која треба да си ја заврши својата работа. Тука е и јавното обвинителство. Во однос на цензурата сакам да кажам дека таа е забранета со уставот и не смее да се случува – рече Поповски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...