Кирацовски: Потребна ни е стручна и независна Комисија за спречување на корупцијата

412

На Македонија и е потребна сериозна, стручна, независна Државна комисија за спречување на корупијата, која вистински ќе се бори со слабостите, вели Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ во изјава за Плусинфо, а по скандалот со злоупотреби при исплатата на патни трошоци.

Оваа афера, потврдена и во извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата во кој се содржани наводи за исплата на фиктивни патни налози предизвика бура од реакции и барања за отчет и одговорност во комисијата.

Тројцата членови на ДКСК се повлекоа од функцииите, а денеска оставка поднесе и Жаклина Дамчевска, член на комисијата.

Претходно, оставка поднесоа и претседателот Игор Тантуровски и Горан Миленков, член на Комисијата и поранешен претседател.

Според Законот за спречување на корупцијата Државната комисија која има седум членови ја избира Собранието со мандат од четири години и со право на уште еден.

За новиот состав на антикорупциската комисија одлучува просто мнозинство во Собранието.

Комисијата е конституирана на 12 ноември 2002 година.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...