Поранешниот претседател на Владата, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески се осомничени за злоупотреби при доделување на тендерот за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, објави денеска Специјалното јавно обвинителство на прес конференција.
При зделката, „Актор“ се здобил со добивка од повеќе од 7 милиони евра.
На тендерот со подобра понуда учествувала и фирмата „Тото“ од Италија, која по налог на првоосомничениот Груевски, не била избрана зашто била поврзана со „комуњарите“. Италијанската фирма имала најниска понуда.
Во оваа истрага се вклучени 10 физички и 5 правни лица.
Според СЈО, по налог на поранешниот премиер, тогашниот министер за транспорт и врски требало да ја елимира „Тото“ и тендерот да го добие грчки „Актор.
Министерот, пак, потоа иМинистерот, пак, потоа им наложил на членовите од комисијата кои вршеле евалуација на понудите да го изберат токму „Актор“ иако не ги задоволувал техничките критериуми.
Меѓутоа, како што посочи обвинителката Фатиме Фетаи, овој случај се продлабочува со сомненија за перење пари кое се правело преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати по што веднаш во Неготино биле претворани во евра и биле давани на рака на Грците.
Така, посочи Фетаи, во повеќе наврати на десет вработени им се исплаќале високи суми, на еден работник кој немал високи квалификации му бил ислаќан надоместок од 6-7 илјади евра, а оние кои имаат малку повисоки квалификации и двојно повеќе.
На овој начин се испрани 31.856.811 евра во период од 2012 до 2016 година.