ГАК: Имаме опрема и пари за да функционираме нормално

Од Клиниката велат дека кампањата е започната уште минатата година, не е поврзана со блокирањето на сметката и потенцираат ека имаат доволно пари и опрема за нормално функционирање.

483

Сметката на Клиниката за гинекологијата и акушерство (ГАК) е блокирана поради исплати по извршни решенија од суд, потврдија од ГАК.

Оттаму, како што веќе објавиме, велат дека станува збор за судиски процеси водени за ретинопатии кај новороденчињата од 2008 година период во кој воопшто не постоела скрининг програма во државата. Сметката не е блокирана поради пресуда за 410.000 евра туку за поголема сума.

„Станува збор за оштетувања на видот кај новороденчиња родени со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост. Дојдена е извршна пресуда од 40.974.561 денари (околу 666.000 евра), сума на процеси од пред 10 години која сега би требало одеднаш да се плати“ соопштија од клиниката.

Од ГАК се децидни ека нема никаква поврзаност на блокадата и на донаторската кампања која е започната минатата година.

„Потенцираме дека собраните средства ќе бидат наменети за набавка на нова опрема, опрема која или застарела од изминатите 10 и повеќе години или опрема која не сме ја поседувале. ГАК во моментот  располага со доволно ресурси за нормално функционирање и во најкус можен рок ќе ја надмине новонастанатата состојба“, потенцираат од клиниката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...