Ахмети и Груевски под истрага на СЈО за спречување на пописот во 2011 година (ВИДЕО)

Со нецелосно спроведениот попис е нанесена штета на буџетот од речиси 180 милиони денари.

1389

Никола Груевски и Али Ахмети се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувања во врска со пропаднатиот попис во 2011 година. Целта, според доказите кои ги пробавило СЈО, е што сакале да ги сокријат неповолните факти за демографските и економските состојби.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сфатиле, како што појаснија од СЈО, и дека ќе им се нанесе огромна штета ако се спроведе и објават резултатите од пописот, па од лични интереси и за одржување на моќта во општеството се решиле на таков чекор.

– За да избегнат одговорност се договориле причините преку соопштенијата и средствата за масовно комуницирање да ги презентираат како проблеми од техничка природа и некадарноста во институциите – рече обвинителката Фатиме Фетаи.

По договорот да се стопира пописот. Владата до Собранието предложила да се укине законот за попис од 2011, тоа било изгласано од страна на пратениците. Фетаи рече дека ако не бил прекинат пописот туку само се одложил парите кои биле потрошени за обуки и материјали ќе се искористеле наместо да пропаднат и да се нанесе штета на буџетот од речиси 180 милиони денари.

Видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...